Деновите во неделата ги добиле имињата по седумте најпознати планети и природни сателити, а се верува дека денот на раѓање има големо влијание врз карактерот на човекот и неговиот животен пат. Погледнете што открива денот на кој сте родени за вас, вашите потреби и очекувањата во љубовта.
Понеделник – Ден под влијание на Месечината
Жена – Вие сте чувствителни и нежни и секогаш го следите своето срце. Уживате во хармоничниот живот, па поради тоа знаете да сè прилагодите на партнерот и да му сè вовлечете под кожа. Своите чувства ги споделувате со другите, а до целосен израз доаѓате во улога на мајка. Ви се допаѓаат стабилни и искрени мажи, а во љубовта барате сигурност.
Мажи – Поседувате богата фантазија. Вие не сакате да бидете сами, па утеха барате во нежните чувства кои другите ги покажуваат кон вас. Многу сте посветени на членовите на вашето семејството, бидејќи само во нивна близина, ја пронаоѓате вистинската среќа и создавање.
Вторник – Ден под влијание на Марс
Жена – Вие сте многу страсни и знаете да заведувате. Иако вашата потреба за независност и слобода е многу нагласена, сепак знаете да му сè посветите на партнерот. Бидејќи честопати љубовта ја доживувате како игра, може несвесно да го повредите партнерот и да му нанесете болка.
Мажи – Покрај харизматичноста и шармот со кој зрачите, вие сте исто така убедливи и упорни. Вас ве краси смислата за хумор, насмевката која не ја симнувате од лицето и вечниот оптимизам и ентузијазам. Вашите чувства со задоволство ги споделувате со другите, ги сакате забавите, а во друштвото сте џентлмен.
Среда – Ден под влијание на Меркур
Жена – Кога е во прашање љубовта, вие сте многу нестрпливи. Ги сакате слободата, флертот, но и авантурите, па поради тоа постојано сте во потрага по нови искуства. Вашата спонтаност е вродена, а шармот природен. Никогаш не создавате преголеми соништа и илузии, а тешко се врзувате за емотивен партнер.
Мажи – Многу сте шармантни и привлчни. Поради вашиот немирен дух и смислата за хумор, многу припаднички на понежниот пол сакаат да бидат во вашето присуство. Во емотивните врски се плашите од монотонија, бидејќи чувствувате постојана потреба за промена.
Четврток – Ден под влијание на Јупитер
Жена – Вашата потреба за флертување и романтика доаѓа до израз во текот на патувањата. Без разлика на вашата потреба за љубов, може да живеете и сами, бидејќи сте многу независни.
Маж – Вие сте заводник. Истовремено сте комформист, но во зависност од ситуацијата, комфорот воопшто не ви е важен. Сакате искрено, но исто така сте и добар актер. Иако врзувањето и бракот малку ве плашат, вие не сте некој кој би сакал да живее сам.
Петок – Ден под влијание на Венера
Жена – Копнеете за хармонија во сè, особено во емотивната врска. Се плашите од самотија, а заштитата која ја барате ја наоѓате во кругот на семејството. Мажите ги привлекувате со вашата неодолива насмевка.
Маж – Кога изјавувате љубов, навистина го мислите тоа. Не можете да живеете без нежност и потврда за тоа дека сте сакани, па без ова не можете да го замислите ниту вашиот однос со партнерот. Бракот и семејството ви се најважни во животот, па кога ќе ја пронајдете љубовта на вашиот живот останувате со неа сè додека смртта не ве раздели.
Сабота – Ден под влијание на Сатурн
Жена – Многу сте таинствени, независни и оригинални. Како што не сакате да откривате многу за себе, така не ги покажувате ниту вашите чувства. За вас заведувањето е игра на интелект. Иако оставате впечаток дека сте рамнодушни, вие сте многу емотивни и имате потреба постојано да им ги покажувате своите чувства на оние кои ви значат.
Маж – Љубовната сигурност во врската ви е поважна од страста во неа. Партнерот секогаш може да се потпре на вас. Под вашата привидна незаинтересираност, се крие голема нежност која понекогаш не знаете да ја искажете на вистинскиот начин. Вашите реакции се непредвидливи, многу сте емотивни и сè плашите другите да не ја забележат таа ваша ранлива страна.
Недела – Ден под влијание на Сонцето
Жена – Страсни сте и импулсивни, полни со ентузијазам и со задоволство преземате иницијатива. Во врската останувате сè додека вие тоа го сакате. Мажите со кои сте во врска мора да имаат нешто постигнато на професионален план. Не ги сакате компромисите и не сакате да ја жртвувате својата слобода.
Маж – Амбициозни сте и многу сте сигурни во себе. Авторитетното однесување и самоиницијативните особини се оние што ве опишуваат. Сакате да зборувате, со задоволство ги слушате своите соговорници и сакате да добивате комплименти. Кон жените се однесувате заштитнички, а својата страсна природа им ја покажувате во секоја прилика.
Извор: Kафепауза
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.