| четврток, 6 декември 2018 |

Реал фаворит за деветта европска титула на Ф4 во Мадрид

Реал Мадрид е домаќин на фајналфор турнирот на четирите најдобри екипи во кошарка на европска почва, а завршницата почнува вечерва со двата полуфинални дуели.

REAL MADRID VS. RED STAR BELGRADE

Во првиот ќе се судрат старите познаници ЦСКА Москва и Олимпијакос, екипи што играле и финале во Евролигата. Тој меч ќе се игра од 18 часот, а рускиот тим од соништата од Москва посакува реванш за поразот од 2012 година, кога Принтезис со кош во последните моменти му ја донесе на Олимпијакос втората титула во клупската историја. Грчкиот тим следната сезона го декласира и Реал Мадрид во финалето за трета европска круна.

Во второто полуфинале домаќинот Реал Мадрид ќе игра со дебитантот на завршниците, тимот на Фенербахче. Популарните „кралеви“ атакуваат на деветтата европска круна и се најтрофеен европски клуб. На клупата на Фенер е најтрофејниот тренер на стариот континент, Жељко Обрадовиќ, човек што го предводеше Реал до последната европска титула во 1995 година. Второто полуфинале ќе се игра од 21 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top