| четврток, 6 декември 2018 |

Адвокатите на Заев: Заев не барал поткуп, туку понудил начин како да се донира за храмот, а да не знае власта

zaev-pred-javno-obvinitelstvo-3

Како застапници на Зоран Заев и како адвокати кои во институциите на судот, полицијата и во јавното обвинителство постапуваме согласно законот и  овластувањата, сме згрозени и едноставно не можеме да поверуваме како државните органи вршат објавување на снимки од посебните истражни мерки. Нема држава во Европа, па и во светот, каде што цела државна власт со сите свои инструменти и средства напаѓа една единствена личност, претседателот на опозицијата. Употребува секакви мерки на местење, снимање, поттикнување, вадење од контекст, само за да се создаде некое кривично дело. Огромен е притисокот врз една личност која што ниту има овластувања ни пак било какви ингеренции за да се бори против сите тие инструменти на власта. Буквално целиот систем е поставен и вперен против една личност. Тоа е една толку нерамноправна борба што треба да бидеш надчовек за да ги издржиш сите тие притисоци. Тоа е парадокс кој што во цел свет треба да биде како пример во кој очајно се вадат вон контекст некои снимки кои што они ги прават кога сакаат. Цела држава со сите инструменти дејствува против една личност и не успеваат да му  докажат вина – стои во соопштението испратено од Ване Андреев, адвокат на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Понатаму се додава:

Да се прави поткуп со посебни истражни мерки е очигледно провокација и местење, значи ако има било каков основ за земање поткуп, имаме докази, предметите се завршени, а во самите снимки има дел кога Иво му вика на Заев зошто го тужел, значи Заев го има тужено истовремено Иво затоа што не си го платил долгот за комуналии, тогаш се поставува прашањето, какво е тоа зимање поткуп,  а во исто време да те тужам.

Конкретно, со објавувањето на аудио – видео записот за Зоран Заев преку медиумите и веб порталите, не може на друго место да се лоцира изворот на објавувачот, освен кај тој што ги поседува. Тие снимки ги поседуваат Јавното обвинителство од организиран криминал и МВР од организиран криминал кое што врши снимање. Не е јасно како тие институции, познавајќи ги законските одредби како треба да се постапува со тие докази, вршат јавно објавување и обелоденување. Дали причината за тоа е само да се оцрни личноста на Зоран Заев и тие снимки да се објават вонконтекст, односно, нецелосно, па истите свесни дека не постои кривичното дело кое сакаат да му го стават на терет, едноставно вршат уништување на докази, сакајќи со тоа кај народот да создадат површна слика за самото дело.

Доколку предметната видео снимка биде во целост прегледана, јасно ќе се види дека станува збор за нудење на сума од 2 евра од страна на Иво Сачевалиев како донација за храмот, меѓутоа, самиот во разговор со Заев укажува дека му е страв тоа јавно да го стори за да не биде забележан од власта и да не му замери како Иво Сачевалиев помага на соборниот храм, а со тоа и на Зоран Заев, едноставно, истиот сака да ја скрие постапката за помагање на храмот. На тоа, Зоран Заев јасно му укажува, дека тоа може да го стори со плаќање на парите, директно купување на железо, бетон во кеш, или да ги остави кај него, кај брат му Вице, кај братучедот Трајче за да одат директно да уплатат, значи сите тие разговори се јасно наведени во снимките, но очигледно сакајќи само да се нанесе штета, се вади еден дел од контекст.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top