Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчеравечер околу 20:30 часот се случи на регионалниот пат Тетово-Јажинце во Доброште.
Во несреќата учествувале трактор „ИМТ“ без регистерски таблици, управуван од 72-годишниот Ј.Џ. од Доброште, патничко возило „опел вектра“ со тетовски таблици, управувано од 54-годишниот И.Б. од истото село и паркирано возило „голф“, сопственост на 50-годишниот доброштанец Н.Е.
Во несреќата, возачите на тракторот и „опелот“ здобиле телесни повреди и со друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница, а по укажаната помош, пуштени се на домашно лекување.
Извршен е увид и се утврдуваат причината и се друго поврзано со несреќата.
Првично, причина е неосветлен трактор, додека материјалната штета се проценува на 60 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.