Воени спасувачи на местото каде се урна американскиот хеликоптер пронајдоа три тела, соопшти денеска непалскиот Министер за одбрана Исвори Поуџла.
Преставници на непалската армија прецизираа дека во хеликоптерот имало осум лица, а за сега не е познато дека има преживеани. Маринци ги забележаа остатоците од хеликоптерот во близина на село, на висина од 3.400 метри и непалски војници тргнаа кон тоа место.
Хеликоптерот исчезна во регионот Долак во источен Непал додека носел помош за луѓето погодени од двата земјотреси.
Непал ангажираше 600 војници да го бараат хеликоптерот во кој имаше шест маринци и два непалски војника во моментот кога исчезна, откако екипажот преку радио врска информираше дека има проблем со гориво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.