Во Софија, на 74-годишна возраст, вчера по кратко боледување почина некогашна првенка на Македонската опера, сопранот Анастасија Димитрова Божикова. Димитрова е родена во Перник – Бугарија на 16.11. 1940 година, а своите оперски студии ги завршува на Софиската музичка академија во 1963-та година. Веќе следната сезона застанува на оперските штици на тогашниот Македонски народен театар каде настапува две години. Потоа заминува во Загребската опера и таму останува до 1969-та година од каде повторно се враќа во македонската национална куќа и важи за еден од главните носители на оперскиот репертоар сé до 1993.
Во својата раскошна оперска кариера, Димитрова ќе оствари над 25 главни улоги од драмскиот и мелодрамскиот фах, меѓу кои позначајни се ролјите на Аида, Норма, Леонора (Трубадур), Елизабета (Дон Карлос), Сантуца (Кавалерија рустикана), Марженка (Продадена невеста), Мими (Боеми), Абигаила (Набуко), Маргарета (Фауст), Бес (Порги и Бес), Симка (Разделба). Покрај оперските остварувања, Димитрова има блескави настапи и во повеќе вокално-инструментални дела, а реализира гостувања во Германија, Унгарија, Романија, Мексико, Ирска, Луксембург. Таа ќе остане врежана во македонската оперска уметност како певица чии интерпретации се одликуваа со длабока емотивност во изразот, вонредна музикалност и сценска сигурност.
Анастасија Димитрова беше сопруга на вонредниот македонски оперски бас Георги Божиков и мајка на истакнатиот рок гитарист Димитар Мичо Божиков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст