| четврток, 6 декември 2018 |

БиХ: Обвинение против 12 лица поради тероризам

бих

Обвинителството на Босна и Херцеговина покрена обвинение против 12 лица, државјани на БиХ, кои се обвинуваат дека станале членови на организиранa терористичка група и противзаконски учествувале во вооружни судири на подрачјето на Сирија и на Ирак, јавува Фена.

Обвинетите се товарат дека во текот на 2013 година и 2014 година, како припадници на т.н. салафитска заедница во БиХ, а надвор од официјалните институции на Исламската заедница на Босна и Херцеговина, во неколку градови и места во земјата прифатиле радикална идеологија на т.н. Исламска држава и ја напуштиле БиХ со цел приклучување кон терористичката организација ИД, која дејствува во Сирија и во Ирак. Исламската држава од страна на Советот за безбедност на ОН е прогласена за терористичка организација.

Обвинетите се товарат дека организирано и во договор со ним познати лица оделе во Турција, од каде што илегално преминувале во Сирија каде што престојувале повеќе месеци и учествувале во теористичкие активности во Сирија и Ирак.

Обвинителството на БиХ за овој предмет спровел повеќемесечна и детална истрага во соработка со полициските и безбедносните агенции по БиХ како и партнерските агенции во борба против тероризмот од регионот и светот.

Обвинителството одговорноста на обвинетите ќе ја докажува со повикување 25 сведоци и стручни вештаци, а со обвинението се приложени повеќе од 100 доказни материјали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top