Евгениј Селезњов е јунакот на Днипро, екипа што направи голема сензација со елиминацијата на Наполи и со пласманот во финалето на Лигата на Европа. Напаѓачот на украинскиот претставник даде два гола и беше директен виновник за елиминацијата на фаворитот Наполи и за историскиот успех на Днипро. Селезњов погоди и во Неапол за реми, 1-1, и во победата на домашен терен од 1-0, што му донесе на клубот од Украина прво европско финале.
– Целиот тим го заслужува епитетот херој. Ние сме јунаците од Днипро. Соиграчите се бореа како лавови, а јас само ставив печат на големиот триумф. Но, не смееме да се отпуштиме, нѐ чека финалето со Севилја и неколку тешки натпревари во домашното првенство – изјави стрелецот на победоносниот гол за Днипро.
Во завршниот меч за титулата во Варшава на 27. мај противник на Днипро ќе му биде двојниот актуелен шампион во Лигата на Европа, Севилја. Бранителот на трофејот на убедлив начин со нова победа ја елиминираше Фјорентина. Во Фиренца беше 2-0, во Севилја 3-0, за вкупни 5-0 и пласман во ново финале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



