Луѓето што сакале градоначалникот на Струмица да им заврши работа поврзана со ингеренциите на општината што ја раководи, морале да платат по две евра плус од квадратен метар државно земјиште. Видеоснимка објавена на „Јутјуб“ откри како Заев детално ѝ објаснува на потенцијалната жртва како и колку пари треба да му даде ако сака да ѝ заврши работа. Во скандалозното видео лидерот на опозицијата открива дека за услуга наплатува „плус две евра за квадрат“, од кои едно евро директно оди за црквата, а едно евро во џебот на Заев.
Сепак, парите не оделе директно кај Заев, туку до него стигнувале преку неговиот брат и бизнис-партнер Вице, чиешто име го спомнува струмичкиот градоначалник како место каде што заинтересираниот инвеститор треба да ја уплати нелегалната провизија.
– Едно евро оди на црквата и едно евро од квадрат кај мене директно преку бате Вице – вели Заев во видеото.
Човекот што, според негови зборови, Господ го црпнал од нива и го турнал во политика да ја спасува Македонија, во видеото признава дека тоа го правел многупати претходно. Плаќањето одело во кеш, а Заев гарантирал со неговиот збор дека работата сигурно ќе биде завршена. Тој дури и се фали дека досега никого не измамил.
Со видеото што осамна на интернет се чини дека се наѕира крајот на една контроверзна политичка кариера преполна со чудни изјави, шокантни потези, несериозни чекори и провокативни настапи.
Повеќе во новиот број на неделникот Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст