На 30 октомври во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе гостува познатиот пејач и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ со програмата „Кад тамбурама мангупи препрече пут“. Организатор на концертот е „Авалон продукција“.
Балашевиќ со концертот на Калемегдан во Белград пред две години, со околу 30.000 посетители изби на прво место на интерната листа на „Авалон Продукција“ по посетеност пред „Ајрон мејден“.
Балашевиќ овој пат во Скопје доаѓа со својата нова програма концептуално наречена „Кад тамбурама мангупи препрече пут”.
Оваа програма наиде на огромно воодушевување секаде каде што Балашевиќ, бендот и тамбурашите го претставија во изминативе година и пол. Задоволството да уживаат досега го имаа во Загреб – пет распродадени сали „Ватрослав Лисински“, Сараево – „Зетра“ 20.000 посетители, Осијек – 10.000 посетители, Сплит распродадената „Арена“ еден месец пред концертот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.