Во новиот број на Република ќе читате:
СДСМ останува без лидер
Заев барал по едно евро од м2
Со видеото што осамна на интернет се чини дека се наѕира крајот на една контроверзна политичка кариера преполна со чудни изјави, шокантни потези, несериозни чекори и провокативни настапи
Црна листа на САД и на ЕУ
Терористите ги нема на списокот
Едно од прашањата што повеќе со шепотење се поставуваат деновиве откако се откри идентитетот на терористите од Куманово е зошто тие не се на црната листа на САД. Таканаречената листа СДН со која се забранува влез на македонски, косовски, српски и на други државјани на територијата на САД на кои им се замрзнува и целиот имот во Америка, сега ги содржи имињата на Мендух Тачи (за него минатата година имаше најава дека може да биде тргнат, што подоцна не се оствари) и на Џевад Адеми, пратеник на ДУИ.
Кумановски тек
Кој стои зад Соколи и Пантери?
Први на удар на критиките за предавството на групата на командант Соколи (Сами Укшини) се двете најголеми партии на македонските Албанци – ДУИ и ДПА. На Ахмети, освен тоа што му се забележува дека дозволил да се „пролее крв на најголемите синови на албанската мајка“, како што тврдат на социјалните мрежи другарите, роднините и поддржувачите на терористичката група, му се зема за грев тоа што, иако се работи за криминалци, не им дал сигнал дека во Куманово ги чека тежок пораз кој е еден од најголемите во последните 15 години од кога Албанците во регионот со поддршка на западните сили ги постигнаа речиси сите свои стратегиски цели. Дури и умерените Албанци прашуваат зошто Ахмети, кој имал начин да им каже на терористите дека не смеат да влезат во Куманово поради нивната лична безбедност, не го сторил тоа. Дел од одговорите на ова прашање на социјалните мрежи се дека на Ахмети му дошло преку глава од постојаните барања за помош од криминалците кои постојано барале пари, вработувања за нивни членови (двајца од групата се полицајци во МВР) и други услуги кои Ахмети, и да сакал, не можел да ги исполни. Дел од набљудувачите, пак, сметаат дека ДУИ од различни причини навистина сака да помогне Македонија да се организира како граѓанска земја во која нема место за такви криминалци.
Нема да ве заборавиме
70.000 благодарам за хероите
За жал, минатата недела Република Македонија загуби осум синови бранејќи ги цивилизациските принципи на живот од налетот на кучињата на војните. За жал, Република Македонија загуби осум припадници на полицијата. И водејќи се по нивните принципи – сосема се неважни нивната политичка, национална или верска припадност.
Разбирлива е болката на секој припадник на полицијата за своите загубени колеги и на помислата за нивните семејства. Но, и покрај големата трагедија и загуба на своите колеги во Кумановско, многу повеќе ги болат фрлените камења кон нив проследени со извиците „убијци“. Но, тие „камења “ не останаа само на денот на добро организираните „спонтани“ насилни протести пред зградата на Владата. Потежок беше каменот фрлен од кумановско Диво Насеље.
Вистини и манипулации
Кој лажеше додека специјалците гинеа?
Странци снимале во државата – тврдат опозициските медиуми, кои објавија дека службите на странците имале снимки од оперативци на УБК што комуницирале со терористите од Куманово. Не ги пуштија снимките, повторно треба да им веруваме на збор… Дали од жал за владата или поради потребата да се направи само извртување во јавноста на штета на службите и на државата изложувајќи го на ризик животот на припадниците на безбедносните служби. Не докажаа како и чии броеви прислушувале – на оперативците или на терористите? Сега народот може слободно да верува дека снимале странците, соросоидите нема да ги прават глупави и луди.
Економијата под силен притисок
Најсилно погодени туризмот и индустријата
Еден од секторите што прв ги чувствува негативните ефекти од политичката криза е туризмот, со оглед на тоа дека само во последниве денови резервациите на странски туристи за посета на Скопје се намалени за повеќе од 50 отсто. Намалувањето на туристите ќе резултира и со намалување на приходите, а последиците ќе ги почувствуваат сите жители на Република Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст