| четврток, 6 декември 2018 |

Започнува Саемот за деца и семејство

Утре, 15 мај, во 18 часот започнува Саемот за деца и семејство во Скопје Сити мол, кој ќе трае до 17-ти мај, недела.

Дружење и забава со Трајче Георгиев и Златните Славејчиња, омилените детски маскоти и живи рептили, разни спортски активности, забава за најмалите, кои значат радост и насмевки ги очекува сите оние кои ќе го посетат Саемот за деца и семејство.

Ќе настапуваат училишни хорови и други секции од училиштата, покрај тоа Републичкиот Совет за Безбденост на Сообраќајот на Патиштата ќе реализира едукативни предавања за важноста на детските седишта во автомобилите, велосипедистите и пешаците.

Сите посетители имаат можност да учествуваат во играта на лојалност и да освојат патување за целото семејство во Дизниленд во Париз, телевизор, тaблети, велоспеди или други вредни подароци на кои ќе се радуваат и големи и мали.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top