| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг: Присуството на НАТО на границите со Русија е пропорционално

стол

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека зголеменото присуство на силите на Алијансата на границите на Русија е пропорционално и соодветно на меѓународните норми.

– НАТО го засили присуството во балтичкиот регион како одговор на дејствувањето на Русија во Источна Украина и на Крим. Целта на НАТО е да се заштитат сите сојузници од заканите. Дејствувањегто ни е пропорционално и целосно во согласност со меѓународните обврски – посочи Столтенберг.

Тој посочи дека НАТО ги интензивира воените воздушни и морски патроли во Балтичко Море и Црно Море и изведува воени вежби, со цел да ги исполни основните обврски за колективна одбрана и соодветна реакција на акциите на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top