На 3 и 4 јуни ќе се одржи голем настан во Европската комисија за развој со седиште во Брисел на која ќе присуствуваат преку 3000 високи претставници на Европската унија, претседатели на парламенти и држави од целиот свет, како и претставници на меѓународни невладини организации и бизнис секторот. Младите луѓе од целиот свет, на возраст меѓу 21 и 26, се поканети да се приклучат на дебатата за развојната политика и меѓународна соработка. Од 172 апликанти се избрани само 14 идни лидери кои ќе ги споделат своите ставови и искуства во дебатите на високо ниво на форумот. Ќе се слушне гласот на младите во политичките дискусии кои ќе ја создадат нашата иднина. За претставник од Европа е избран Даниел Михајловски од СОС Детско село – Македонија заедно со уште двајца млади лидери од Германија и Франција.
Тој учествувал во различни проекти и активности во невладини организации, особено во проектот за поддршка за вработување на деца без родители и родителска грижа. На панел дискусијата ќе зборува за невработеноста на младите луѓе во неговата земја и за можностите за создавање на програма за помош на социјално загрозените кои се справуваат со социјалната нееднаквост.
Даниел ќе зборува на панел дискусијата за надминување на бранот на нееднаквоста во приходите: социјално претприемништво. Како иден лидер заедно со останатите избрани млади од цел свет на 27 мај ќе се сретне со Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун каде што ќе се разговара околу подготовката на програмата за млади за по 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



