| четврток, 6 декември 2018 |

Анкетна комисија за прислушувањето откако СДСМ ќе се врати во парламентот

собраниеСобранието на Република Македонија ќе формира Анкетна комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушуваните разговори, соопштуваат од кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по заклучено на денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

Анкетната комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во Парламентот, што впрочем претставува клучна порака од маѓународната заедница.

Со Анкетната комисија ќе претседава пратеник од опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top