Случувањата во Македонија и натаму се меѓу топ-темите во француските медиуми, кои денеска се осврнуваат на првите „отстапки“ на власта, како што пишува париски „Ле Монд“, јавува дописникот на МИА од Париз.
– Македонската влада ги направи првите отстапки. Министрите за внатрешни работи и траснпортм како и шефот на тајната служба, поднесоа оставки на 12 мај по насилството кое минатиот викенд ги спротивстави силите на редот со вооружена група со албаснко потекло и во кои загинаа 22 лица во Куманово, пишува париски „Ле Монд“.
Притоа најугледниот француски весник, повикувајќи се на Македонската информативна агенција – МИА информира за оставките на министрите за вантрешни работи и за транспорт и врски, како и на шефот на тајната служба, кој ја донел таа одлука, како што се наведува „во интерес на Македонија со цел да се разреши политичката криза“.
Според пребарувачите на интернет, во однос на случувањата во Македонија во франкофонските медиуми (веб портали, весници, радио и тв станинци) се објавени околу 500 статии за Македонија во последните 24 часа.
Во нив преовладува изразената загриженост на Европската Унија и НАТО од ставувањето дека може да се разгори конфликт сличен на тој од 2001 година.
Во некои од медиуите за неутрализираната вооружена група од Куманово квалификацијата терористичка група е ставен во наводници, со образложение дека никој не ја презел одговорноста за судирот. Но, во статијата на „Ле Монд“ се посочува дека во саботата беше објавено соопштение за јавноста на албански јазик дека борбата против македонските сили на редот ја воделе припадници на Националната ослободителна армија на Албанците од Македонија (УЧК), која официјално е распуштена.
„Ле Монд“ својата статија ја завршува со констатацијата дека македонското судство обвинило за тероризам 30 лица, од кои 18 косовари, кои биле упасени за време на судирите.
На повеќе веб страници можат да се најдат серија на фотографски репортажи направени во Куманово по оружениот судир, како и видео репортажи. Дел одо француските медиуми ги пренесуваат и обвинувањата на македонската опозиција дека со настаните во Куманово се дефокусира вниманието од внатрешната политипчка криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст