Пратениците на ДУИ ќе го поддржат изборот на нови министри. Информацијата ја потврдил координаторот на пратеничката група на ДУИ во Собранието, Талат Џафери.
Тој изјавил дека не се точни информациите дека некој од министрите кои се членови на ДУИ си поднесува оставка и дека партијата останува дел од владината коалиција.
Седницата на која ќе се избираат нови министри е закажана за денеска во 13 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.