Манифестот на конзервативците вели дека партијата сака да го укине Актот за човекови права. Дејвид Камерон го назначи Мајкл Гоув, поранешниот секретар за образование, да биде секретар за правда. Тоа значи дека тој ќе ја има најголемата одговорност за политиката во оваа област.
Како функционира актот?
Актот за човекови права е дел од закон кој беше воведен во 1998 година, кој ги гарантира човековите права во Британија. Беше воведен како една од првите поголеми реформи на последната лабуристичка влада. Во пракса, Актот има два главни ефекти: Прво, ги опфаќа правата од Европската конвенција за човекови права во домашниот британски закон. Тоа значи дека ако некој се жали под закрила на законот за човекови права, не треба да оди пред европските судови, туку правдата ќе ја бара пред британските судови.
Второ, се бара од сите јавни тела – не само од централната влада, туку и од институции како полицијата, јавниот здравствен систем и локалните совети – да ги почитуваат овие човекови права.
Кои права ги покрива Актот?
Актот ги покрива сите права кои се вклучени во Европската конвенција. Тие права се: право на живот, право да не се биде малтретиран или предмет на нехуман третман, право да не се биде држен као роб, право на слобода и безбедност за поединецот, право на фер судење, право да не се биде ретроспективно обвинет за криминално дело, право на приватен и семеен живот, право на слобода на мислење, совест и вероисповед, право на слобода на изразување, право на собирање и здружување, право на брак, право на ефикаен правен лек, право да не се биде дискриминиран, право на мирно уживање во својот имот, и правото на образование.
Правилникот исто наметнува задолжување за владата да обезбеди слободни и фер избори.
Што е Европската конвенција за човекови права?
Европската конвенција за човекови права е договор дека сите земји членки на ЕУ ќе ги почитуваат човековите права. Беше исцртана во 1950 година по Втората светска војна. Конвенцијата беше предводена од Британија и комисијата која го направи последниот драфт беше под претседателство на британскиот конзервативен министер Сер Дејвид Максвел Фајф. Велика Британија е оснивачот и потписник, и ја ратификуваше концвенцијата во март 1951 година.
Различни земји ја имплементираат конвенцијата на различен начин. Актот за човекови права е британски начин на имплементирање на конвенцијата во домашен закон.
Дури и ако земјите не ја имплементирале конвенцијата за права дома, граѓаните можат да излезат пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, кој донесува обврзувачки одлуки за земјите кои се потписници на конвенцијата.
Дали ова има врска со Европската унија?
Не, Европската конвенција за човекови права нема никаква врска со Европската унија, и е донесен неколку децении пред неа. Нејзините институции и судови се комплетно одделни.
Но сепак, ратификацијата на конвенцијата е услов да се биде член на Европската унија.
Кои земји се членки во Европската конвенција за човекови права?
Сите европски држави, освен Белорусија – последната европска воена диктатура – се членки на Европската концвенција за човекови права.
Тука се вклучени и земјите од европската периферија, како Турција и Русија. Не мора да сте членка на Европската унија за да ја потпишете конвенцијата.
Зошто конзервативците сакаат да стават крај на Актот за човекови права?
Конзервативците во својот манифест велат дека сакаат да го укинат Актот за човекови права. Тие ќе го заменат со нешто што тие го нарекуваат „Британска повелба за правата“.
Тие велат дека оваа нова повелба „ќе ја прекине формалната врска помеѓу британските судови и човековите права“. Во пракса, ова најверојатно ќе значи дека луѓето кои сакаат да ги изнесат случаите со човекови права пред Евроспкиот суд за човекови права, ќе треба да одат во судот во Стразбур да бидат сослушани.
Тоа значајно ќе ги забави овие сидски случаи и ќе отежни при нивното одлучување.
Исто така не е јасно дали оваа нова повелба за правата ќе продолжи да ги обврзува јавните власти кои не се централната влада, да ги почитуваат човековите права.
Дали конзервативците имаат некои други планови за ЕСЧП?
Министерот за внатрешени работи, Тереза Меј, изјави дека Британија ќе го напушти ЕСЧП ако на британските судови не им се дозволи да ги пресвртат пресудите донесени од судот во Стразбур, кој ги носи конечните одлуки на ЕСЧП.
Ова нема шанси да биде компатибилно со членството во ЕСЧП, кој е занован на фактот судот да биде конечниот арбитер.
Која е политичката позадина на сето ова?
ЕСЧП и рече на владата дека не може да прави различни работи – како што е депортација на затвореници во земјите каде редовно се користи тортура, затоа што со тие потези се кршат човековите права.
Правилникот за човекови права и исто така редмет на мноштво негативни извештаи во десничарскиот печат, со редовно објавување на неточни или парцијални стории за случаи по кои се одлучува според актот.
Актот е исто така лошо поврзуван со Европската унија од некои од неговите критичари, воглавно заради лошите извешати по овие прашања.
Што мисли Мајкл Гоув за човековите права?
Се уште точно не знаеме. Во 1998 година, додека работеше во Тајмс, Мајкл Гоув повика за враќањето на бесењето – што е спротивно на ЕСЧП. Не е јасно дали тој сеуште приватно го има овој став. Познатиот правен блогер Џек од Кент, напиша дека Гоув треба да биде полиберален за оваа тема од неговиот претходник Крис Грејлинг. Други правници се уште позагрижени заради неговата претодна функција. Наставниците се главно среќни што ќе се откачат од него.
Извор: Индепендент
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


