| четврток, 6 декември 2018 |

Велешани со надеж дека ова ќе бидат последните жртви

велесот4Со полагање цвеќе пред Споменикот на коњаникот посветен на велешките Илинденци и сите борци за слободна Македонија, Велешани вечерва им оддадоа почит и благодарност на безбедносните полициски сили. Собирот почна со мирен и достоинствен марш низ велешките улици и се движеше до центарот на градот, пред споменикот на коњаникот.

велесот велесот2

Во името на полициските сили од Велес почит на своите колеги им оддаде Роберт Павлов припадник на СВР Велес. Тој искажа благодарност до сите граѓани на Велес, за како што рече, масовноста на собирот, без разлика на нивната политичката и етничка припадност за поддршката на безбедносните сили на Македонија.

велесот3 велесот5

Панче Ќумбев спортист од Велес изрази надеж дека ова ќе бидат последните жртви, кои го положија својот живот на браникот на татковината.

велесот1 Во името на Здружениет на воени инвалиди на Република Македонија од 2001 година подршка и благодарност и почит за загинатите припадници на МВР и нивните семејства искажа Лазе Наумов потпретседател на Здружение на воени инвалиди на Македонија 2001.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top