Скопјанка ја нападнала царинската контрола на скопскиот аеродром „Александар Велики“. 32-годишната М.Ш. во вторник, околу 13 часот и 45 минути не дозволила да и биде извршена царинска контрола на аеродромот. По ова почнала вербална расправија. Скопјанката одбила да се легитимира, по што физички нападнала полициски службеници нанесувајќи им телесни повреди, а на еден од нив му ја скинала униформата. На пријавената и е извршен алкотест и притоа е утврдено присуство на алкохол во крвта од 0,35 промили.
М.Ш. заработи кривична пријава за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)


