Граѓаните на Република Македонија денеска се собраа на градските плоштади за да ја изразат почитта и поддршката кон македонската полиција.
Наспроти протестите на кои опозициските активисти ги тепаа и повредуваа полициските службеници со метални прачки и камења, денеска граѓаните масовно се собраа да се заблагодарат за искажаниот патриотизам, професионалност и непоколебливост во одбрана на нашата држава.
Над 70.000 граѓани на мирен начин им се заблагодарија на припадниците на безбедносните сили за нивното чување на животото, мирот и соживотот, воспоставувањето ред и владеењето на законите.
Само во Скопје на плоштадите 17 илјади граѓани, како и во 23 други града низ Република Македонија се заблагодарија за тоа што полицијата ја обезбедува нивната сигурност, изразувајќи ја почитта кон современите херои и нивното несебично залагање.
Како и што беше најавено, собирите се мирни, мирољубиви, без потреба од дополнително ангажирање на полицијата и нејзино дефокусирање.
Собири се одржуваат во Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Струмица, Берово, Пехчево, Делчево, Кочани, Македонска Каменица, Виница, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, во Ресен. Во Скопје собирите се одржаа на неколку локации, на плоштадот „Филип Втори“ во општина Гази Баба, ширината во близина „Кај Злате“ во општина Кисела Вода, плоштадот „Делфина“ во општина Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре