| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден пресреќен после изјавата на амбасадорот Бејли

Snouden-Spioni-740x320-top
Поранешниот службеник на ЦИА и соработник на Американската Безбедносна Агенција Едвард Сноуден ја поздрави изјавата на американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, во која амбасадорот меѓу другото повика и на „заштита на свиркачите“ (whistle-blowers) – односно луѓето кои издаваат класифицирани информации на една земја со цел да се обелоденат нелегални активности на владата на земјата.
Бејли оваа изјава ја даде после состанокот со премиерот на Македонија на кој учествуваа и повеќе европски дипломати, а бил со цел на премиерот и владата да и се укажат забелешките за постапката кон расчистување на прашањата кои ги отвориле бомбите на Заев.
Сноуден во 2013-та година објави илјадници класифицирани документи кои докажуваат дека САД вршат тајно интернет шпиунирање на огромен број луѓе низ целиот свет.
„Пресреќен сум! Бев многу пријатно изненаден кога ја чув изјавата на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли“, вели Сноуден.
„Се надевам дека оваа нова политика на мојата матична држава која веќе започна да биде и препорачувана на земји како Македонија ќе ми овозможи конечно да се вратам дома и да не живеам привремено во Русија, откако во САД против мене беше подигнато обвинение, а 20-тина земји од целиот свет одбија да ми дадат азил за тоа што го сторив, веројатно под притисок на САД“, додаде тој.
Можно е додека САД не ги повлечат и формално обвиненијата против него, Сноуден да дојде токму во Македонија каде по препорака на амбасадорот Бејли ќе му биде пружена поголема заштита.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top