Само за последната година 26,13 проценти од бугарските ученици го напуштиле училиштето и отишле во странство со своите родители, покажува анализа на Министерството за образование во Бугарија за стапката на предвремено напуштање на училишниот систем, пишува воесникот „Труд“.
Иако емиграцијата на учениците се намалува последните години – од 2008 до 2012 година кога беше во просек од 38,65 отсто, сѐ уште има вознемирувачки размери.
Уште позагрижувачко е тоа што не е јасно што се случува со образованието на овие деца откако ќе ја напуштат Бугарија.
„За жал, нема доволно добри механизми преку кои може да се следи овој процес во земјите во кои заминуваат најголем дел од Бугарите“, стои во документот на Министерството. Проблемот е и во тоа што овие ученици вообичаено се ставаат во графата „неписмени“ кога стигнувааат во земјите од Европската унија, а Бугарија засега нема никава стратегија како да ги задржи учениците во земјата – пишува „Труд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.