| четврток, 6 декември 2018 |

Петерле побара враќање на СДСМ во Собранието

петерле

Пратеникот во Европскиот Парламент од Словенија Алојз Петерле изјави дека е длабоко загрижен од настаните во Куманово и изрази сочувство на загинатите и сите зафатени од борбите во текот на викендот. Петерле, поранешен премиер на Словенија и актуелен ко-претседавач со мешовитиот парламентарен комитет на ЕП и македонското Собрание, во соопштението додава дека инцидентот е потсетник дека мора да се врати политичката стабилност во земјата, а опозициската СДСМ да се врати во Собранието.

– Тажните настани се дополнителен повик до политичките партии да се ангажираат заедно за да се врати политичката стабилност во земјата. Функционирањето на Собранието во целосен состав е неопходен предуслов за да се постигне ова. Тоа исто така би дозволило нормално функционирање на мешовитиот парламентарен комитет меѓу Европскиот Парламент и македонското Собрание. Овој комитет, пак, е важен за да се зачуваат европските аспирациите на Македонија – пишува Петерле во соопштението

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top