| четврток, 6 декември 2018 |

Три сообраќајки во Скопје вчера, пајакот отстранил 19 возила

Во текот на вчерашниот ден не се случила ниту една сообраќајна незгода со потешки последици, односно се случиле вкупно три сообраќајни незгоди за кои е извршен увид и тие се со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција откри и санкционира 14 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 14 возачи кои непрописно го паркирале возилото на коловоз, тротоар или на велосипедска патека, како и пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 19 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Орце Николов“, објект Карпош 4.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top