По одлука на Владата на РМ, денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, одржаа состанок во општина Куманово, каде што се донесе акцискиот план за постапување по заклучоците на Владата на РМ.
Комисијата за проценка на штетите составена од членови на Владата на РМ и Општина Куманово од денеска ги почна процените за утврдување на материјалните штети на недвижниот и движниот имот на улицата „Тоде Мендел“ во Куманово на местото каде што се одвиваше полициската акција.
Владата на последната седница одлучи да се изврши обесштетување во висина од 100% од проценетата штета на терен.
Имено, на семејствата чиишто домови се оштетени во акцијата во мерка која не дозволува услови за престој ќе им се обезбеди сместување во периодот потребен за санација на нивните домови или додека трае санацијата ќе добиваат финансиски надомест за закуп на простории (кирија).
На овие семејства ќе им додели и првична еднократна хуманитарна помош во висина од 100.000 денари по единица оштетен дом.
Надлежните државни комунални, медицински и санитарни институции, во соработка со Општина Куманово и Град Скопје, ќе пристапат кон расчистување на теренот со цел обезбедување на првобитните услови за живот.
Комисијата за процена на штетите во рок од 7 дена ќе подготви Извештај за проценетата штета и ќе го достави до Владата на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст