| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазена девојка во Тетово

brzapomos2_48
Дваесет и тригодишната Л.К. од Тетово била прегазена вчера вечерта на улицата „Илинденска“ од автомобил „Рено“, кој го управувал 35-годишниот Р.Р. од Мала Речица.
Во несреќата, 23-годишната тетовка се здобила со телесни повреди и со друго возило е пренесена во тетовската клиничка болница. По укажаната помош таму, пуштена е на домашно лекување.

Извршен е увид и се утврдуваат причините за оваа несреќа. Првично, причина е неприспособена брзина, односно пребрзо возење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top