| четврток, 6 декември 2018 |

Раде Силјан и Аднан Озер добитници на наградата „Златен прстен“

Познатиот турски писател Аднан Озер, заедно со истакнатиот македонски писател Раде Силјан се добитници на традиционалната Меѓународна награда „Златен прстен“.

Наградата „Златен прстен“ ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата Македонија презент за книжевен творечки опус повеќе од петнаесет години, а нејзини добитници се најистакнати литературни творци од земјава и светот.

На Меѓународниот саем на книгата во Скопје, гости од странство на издавачката куќа Феникс од Скопје беа: истакнатиот турски поет и преведувач Аднан Озер, турскиот есеист и поет Ерол Туфан кој е по потекло од Македонија и поетесата Снежана Алексиќ Станојловиќ од Србија. На Саемот беа промовиарани поетската книга „Мраморен остров“ од Аднан Озер (препеана од турски на македонски јазик од страна на Суат Енгулу), потоа есеистичката книга „Книгољубецот“ од Ерол Туфан (напишана и објавена на македонски јазик), како и поетската книга „Ода за Орфеј“ од Снежана Алексиќ Станојловиќ (објавена двојазично на македонски и српски јазик).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top