На Босна и Херцеговина дури ни по 14 години од потпишувањето на Договорот за сукцесија на поранешна Југославија не е вратен ниту еден имот. Според податоците од 2012 година невратениот имот во БиХ се проценува на 500 милиони евра, пишува босански „Кликс“.
Интересен е податокот дека БиХ го вратила целиот имот што го бараа поранешните републики, додека својот имот го бара по пат на судови и билатерални договори.
Босна и Херцеговина најмногу проблеми со враќање на имотот има со Србија и со Хрватска, а официјалните институции на БиХ, како претходниот состав на Советот на министри на БиХ, во целост беа неуспешни.
Од Правобранителството на БиХ потврдено ни е дека Босна и Херцеговина има имот со голема вредност во Република Хрватска и Република Србија.
– Во текот на изминатиот период вршен е попис на имотот и покрената е постапка за враќање на тој имот, како и нејзин упис на БиХ. Меѓутоа, тој процес во дел е спречен со оглед на тоа дека судовите во БиХ, Република Хрватска и Република Србија заземаа став дека Договорот за сукцесија не е доволен основ за упис на тој имот. Се истакнува дека е неопходно да се склучат билатерални договори за имплементација на Договорот за прашањата за сукцесија – ни беше кажано во Правобранителството на БиХ.
Како што истакнуваат, Правобранителството на БиХ повеќе пати иницирало Советот на министри на БиХ да продолжи со активноста за подготовка и склучување на овие договори со Република Србија и Република Хрватска, за да се заштити овој имот и да се стави во функција на државата БиХ и нејзините граѓани.
Претседателот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ за „Кликс“ рече дека ова е една од темите за кои Советот на министри на БиХ побарал информации за да ги дефинира мерките на делување, но дека има толку непокренати или блокирани теми и области во БиХ што буквално една со друга се престигнуваат.
– На претстојните билатерални средби со премиерите на соседните земји ќе ја покренеме оваа но и други теми, посебно од областа на економијата – рече Звиздиќ.
Од Агенцијата за приватизација на Федерацијата БиХ ни е соопштено дека Агенцијата располага со информации за имот на компании од надлежност на Агенцијата за приватизација на Ф БиХ и дека бројот на фирмите во двете соседни земји изнесува 399.
– Во централниот регистер на пасивен баланс искажани се 330 постојани средства на фирми во надлежност на Агенцијата, кои се наоѓаат во Република Хрватска, додека во Република Србија се наоѓаат 69 постојани средства – ни беше речено од Агенцијата за приватизација на Ф БиХ.
Книговдствената вредност на постојаните средства во Република Хрватска изнесува 174.982.058,00 КМ, додека книговодствената вредност на постојаните средства во Србија е 14.982.143,00 КМ. Поточно, вредноста на државниот имот на БиХ во Хрватска и Србија изнесува 189.964.201,00 KM.
Од Агенцијата за приватизација на Ф БиХ истакнуваат дека вредноста на имотот ќе се утврдува според вештачење на вештаци од градежната струка, случај по случај и дека се работи за следниот имот: земјиште, одморалишта, градби, опрема, станбени градби, градби-магацини, деловен простор, како и самостојни објекти.
Федерацијата Босна и Херцеговина до денес успеа да врати мал дел од имотот во Република Хрватска, т.е. хотелот Ѓуро Салај, Вила Босанка, како и четири деловни простори на Агрокомерц во Карловац.
Ист е случајот и со имотот во БиХ и Република Србија каде БиХ за 15 години успеа да ги врати деловните простории на КТК во Бор, Суботица и Ужице, како и осум деловни простории на Сараево осигурување.
Основен проблем при враќање на имотот е постоењето на Закон на Република Хрватска за забрана на располагање од 1991 година, со кој е установена забрана за располагање на овој имот, додека во Србија со Законот за обврска за заштита на имоти и делови на фирми со седиште во државите настанати со распаѓањето на СФРЈ, основани се фирми на имоти на фирми од Босна и Херцеговина.
Од Агенцијата истакнуваат дека втора причина е таа што такви имоти ги користат незаонски локалните моќници, како и споровите пред судовите кои траат исклучително долго.
Професорот на Факултетот за политички науки во Сараево Суад Куртчехајиќ рече дека недостатоците кои БиХ ги покажува доведуваат до тоа и државниот имот едноставно да стои надвор или евентуално го презеле другите држави.
– Со сукцесијата на поранешна Југославија имотот практично е даден на државите. На кого што треба да припаѓа, на енитетите или на државата БиХ, тоа не треба воопшто да биде прашање. На државите Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, припадна се, во БиХ се отвори само прашањето што треба да припаѓа на државата – рече Куртчехајиќ.
Куртчехајиќ смета дека државата не смее да се откаже од тоа се да книжи на себе, бидејќи само така државата би имала да даде нешто на ентитетите, ако сака, а не кај нас да се поставува прашањето дали ентитетите ќе прифатат да дадат нешто на државата или не.
– Она што другите држави во соседството воопшто го немаат како сериозен проблем, ние го имаме. Ние имаме голем имот во Хрватска и Србија кој не го вративме бидејќи сеуште не сме дефинирале механизми и имаме објекти со милионска вредност кои мораме да ги решиме и кои се наоѓаат внатре во БиХ, а ни се заканува опасност да се најдат надвор од БиХ – заклучи Курчехајиќ.
Да потсетиме, БиХ до сега покрена повеќе од 30 спорови за враќање на имотот пред судовите во Загреб, Белград, Сплит, Подгорица и Херцег Нови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст