| четврток, 6 декември 2018 |

Ситуацијата со Шумахер статус кво

mihael-sumaher-foto-reuters-1389122945-423437

Ситуацијата со големиот ас Михаел Шумахер е статус кво, односно, за жал, нема напредок, известуваат германските медиуми. Магазинот „Бунте“ објави песимистички вести и се сомнева дека Шумахер никогаш нема да заздрави потполно по тешкиот пад на ски-патеката во Мерибел, Франција при крајот на 2013 година. Германецот не може да говори, ниту да се движи и тоа, според новинарите на магазинот, нема да се смени.

За здравјето на Шумахер се грижи медицински тим од 15 доктори, а неделните трошоци за лечење ја надминуваат сумата од 130 илјади евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top