Сопругата на Михаел Шумахер, Корина го продала приватниот авион вреден 25 милиони долари и семејната викендичка во Норвешка откако се помирила со судбината дека нејзиниот маж никогаш нема сосема да заздрави.
Возачот на Формула 1 заврши во кома по тешката повреда на мозокот во несреќата што ја доживеа на скијање во декември во 2013 година. Изворите блиски до познатата двојка велат дека од тогаш работите малку тргнале на подобро кога е во прашање неговата состојба.
Од несреќата на Шумахер, неговата сопруга се грижи за нивниот имот вреден половина милијарда фунти.
Откако се помирила со судбината дека нејзиниот маж никогаш нема целосно да заздрави, Корина решила да ја продаде викендичката во Норвешка, како и приватниот авион.
Таа планира да ја продаде и планинската колиба во Франција, каде што се случила несреќата.
Лекарите велат дека кај Шумахер е забележан мал напредок, но 47-годишниот Германец сè уште е неподвижен и не може да зборува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



