| четврток, 6 декември 2018 |

Ти си мојот херој, мој идол, почивај во мир тато – емотивен статус на синот на специјалецот Стојменовиќ

st500Untitled-4
Што и да напишам е малце и ова што го пишувам го пишувам со созли во очите, ти беше пример за прав специјалец, ти беше мојот херој, мојот идол, ангелу наш засекогаш ќе бидеш во нашите срца, никогаш нема да бидеш заборавен! Почивај во мир тато, нека ти е лесна земјата, те сакам.

Оваа потресна порака на својот фејсбук профил ја напиша синот на Горан Стојменовиќ од скопско Миладиновци, еден од хероите кои го загубија животот во вооружениот судир во Куманово.

Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски се имињата на загинатите бранители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top