Изразуваме жалење и сочувство до семејствата на жртвите во последната криза за која се надеваме дека ќе се докаже дека е изолиран феномен. Сега треба да надвладее воздржаност, разум и дијалог, изјави денеска портпаролот на грчкото МНР Константинос Кутрас.
Грчкото МНР ја објави изјавата на Кутрас во соопштение кое всушност е одговор на новинарски прашања за вчерашните наводни изјави на македонскиот претседател кој, како што се тврди во нивното соопштение, ја посочил Грција како одговорна за стагнацијата во евроатлантската перспектива на Македонија.
Во соопштението не се посочува кои новинари барале одговор на тврдења кои претседателот во обраќањето после Советот за безбедност воопшто не ги спомена и не е јасно зошто портпролот на грчкото МНР не ги проверил наводите пред да коментира.
„Со години ги предупредувам дека статус-кво ситуацијата во евроатлантските интеграции ни создаваат фрустрации во политичкиот и меѓуетничкиот живот и не прават ранливи и подложни на обиди за дестабилизација. Барам од меѓународната заедница, од Европската унија и НАТО, со најголема сериозност да се ангажираат и да најдат начин да ги деблокираат евроатлантските интеграции, за доброто на Република Македонија и на целиот регион“, нагласи Иванов во своето обраќање.
Сепак, Кутрас во денешната пишана изјава вели: „за жал, оживувањето на тензиите во Македонија го потврдува она што во неколку наврати го кажувавме дека нашата соседна земја се соочува со сериозни проблеми во врска со функционирањето на владеењето на правото, почитувањето на човековите права, спроведување на меѓуетничкиот Охридски договор, почитувањето на принципот на добрососедски односи и недостаток на демократија во земјата“. Политичките лидери на Скопје нека се завртат кон решавање на овие прашања, покажувајќи дух на самокритичност и консензус, наместо да бараат жртвено јагне, обвинувајќи ги другите за застојот на евроатлантската перспектива, која Грција искрено и цврсто ја поддржува“, се вели во изјавата на Кутрас кој на крајот изразува сочувство за семејствата на загинатите „во последната криза“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст