| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров во Куманово го посети медицинскиот тим и се заблагодари на ангажираноста и пожртвуваноста

todorovv22

Никола Тодоров, министерот за здравство денеска беше во Куманово, каде што ги посети Општата болница и службата за Итна медицинска помош при Здравствениот дом и се заблагодари за пожртвуваноста на медицинскиот персонал.

Тодоров се сретна со докторите, медицинските сестри и останатиот персонал кој беше ангажиран за време на настаните изминатите два дена. На средбата, министерот беше детално запознаен со постапувањето на медицинските тимови околу третманот на повредените лица.

ttodorovv

Министерот лично упати благодарност до медицинските тимови за навремената реакција, пожртвуваноста, максималните заложби за укажување помош на повредените, како и покажаната професионалност и стручност.

Во рамки на посетата на Куманово, министерот Тодоров се потпиша во отворената книга на жалост и се сретна со локалното население, придружуван од пратеникот Зоран Ѓорѓиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top