| четврток, 6 декември 2018 |

Се нормализира животот во кумановската населба Тоде Мендол

Residents visit destroyed houses in a neighborhood in town of Kumanovo

фото: Република

 

Вообичаена понеделничка раздвиженост е забележлива претпладнево во Куманово и во населбата Тоде Мендол. Утрово е отворен и дел од зелениот пазар во кумановската дива населба, кој во последниве 28 часа беше затворен и од каде што беше блокиран пристапот кон Тоде Мендол и од каде што се евакуираше најголемиот дел од локалното население.

Закупците на тезгите велат дека и покрај ситуацијата што му се случи на Куманово животот и работата мора да продолжат да се одвиваат нормално . Отворени се и маркетите, како и сите аптеки во населбата, која има околу 10.000 жители и која беше во центарот на вниманието на сите домашни и странски медиуми.

На главната улица „Тоде Мендол“ ништо не укажува дека во изминативе денови се одвиваше вистинска борба на македонските безбедносни сили со вооружената група. Траги од судирите се видливи на улиците „Перо Илиевски“ и „Руши Шаќир“ каде се забележуваат куршуми, запален автомобил, целосно изрешетена куќа, неколку куќи кои целосно или делумно се разрушени, скршени прозорци… Во овој дел нема електрична енергија.

Новинарски екипи и граѓани ги набљудуваат последиците од 28-часовната борба на македонските безбедносни сили со вооружената група.

Во градот се  уште има  полициско присуство, но не во толкава мера како изминативе два дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top