| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието ќе ја почне 47. седница

sobranie

Собранието на Република Македонија денеска треба да почне нова 47. седница.

На дневен ред се предлог закони за измени и дополнувања на Законот за библиотеки, Законот за музеите, Законот за превоз во патниот сообраќај, Законот за Државниот инспекторат за земјоделство и Законот за лековите и медицинските помагала, сите во прво читање.

По скратена постапка пред пратениците се  Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Македонија.

Во второ читање пратениците ќе ги разгледаат Предлогот на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност и платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт АД Скопје  и дополнети предлог закони за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top