Денеска во „добар“ дел од земјава максималната температура нема да ја надмине „границата“ од 20°С. Само во југоисточниот крај може да се очекува температура малку над оваа „граница“. Околу пладне и попладне ќе има зголемување на облачноста и повремен локален дожд кој ќе биде проследен со сосема ретка појава на грмежи.
Според МЕТЕОПРО вторник ќе биде потопол во однос на понеделник за околу два до три степени. Денот ќе биде променлив со умерена облачност, но и тенденција на намалување на облачноста во втората половина од денот. Врнежи не се очекуваат.
Во среда се очекува сончево време и мал температурен скок. Максималната температура долж повардарие ќе има вредност од 24°С до 26°С, а низ останатите места околу 23°С.
Во четврток повторно се очекува претежно сончево време.
Петок, од оваа прогностичка перспектива, ќе биде најтоплиот ден неделава.
Повеќе на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст