| четврток, 6 декември 2018 |

Нема запалени училишта во Куманово, уништени се само куќите на „Тоде Мендол“ (фото)

Откако полицијата се повлече од кумановското Диво насеље, локалното население почна со враќање во своите домови, но само во тие делови каде што има електрична енергија. Во искачување кон местото каде што се одвиваа борбените дејства, некои граѓани велат дека воопшто не се мрднале од дома, и тоа што се забележува е дека ниту се запалени основните училишта како што вчера се ширеа шпекулации, ниту, пак, се познава дека нешто се одвивало таму во последните 48 часа.

Но, веќе во делот на улицата Тоде Мендол, каде што се наоѓа исламската џамија, нема електрична енергија, но 20 до 30 куќи во страничните улички се целосно уништени од борбените дејства на полицијата и на вооружените групи.

Извор: Кумановски муабети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top