| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Платена е превисока цена за да се елиминира опасноста за земјата

sovet za bezbednost 4 (Custom)
Според Ѓорге Иванов, претседателот на Македонија, е платена превисока цена за да се елиминира опасноста за земјата, но дека немало друг начин за да се надмине опасноста. Ова го потенцираше вечерва Иванов, по завршување на состанокот на проширениот состав на Советот за безбедност на Република Македонија. Иванов ја прекина посетата во Москва и се врати во Македонија, по вчерашниот терористички напад во Куманово.
– Македонија нема да дозволи екслалација на состојбата и сите што се обиделе да ја нарушат македонската безбедност скапо ќе платат за тоа. Сторителите и сите инволвирани скапо ќе платат за тоа што се обидоа да ѝ го сторат на Македонија и нејзините граѓани. Нема да дозволиме ескалирање на судирите – рече шефот на државата.
Иванов рече дека за опасноста од тероризам на меѓунардоно ниво предупредувал и предходно.
– На Македонија овие два дена ѝ се случува она за што предуредував уште пред неколку месеци во Советот за безбедност на ОН – вели претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top