Проширениот состав на државниот совет за безбедност попладнево изразил сочувство за загубените животи и остро го осудил обидот за дестабилизација на Македонија, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој се обрати на јавноста по состанокот во претседателската резиденција.
Иванов рече дека државните органи имале информации за опасната групација уште и за тоа се воделе консултации, а до 17 земји партенри на Македонија било испратено барање за соработка но ниту една од нив не доставила повратен одговор кој што можел да помогне да се спречи судирот во Куманово и загубата на човечки животи.
– За оваа група во почетокот на 2015 година писмено ги информиравме 17 партнерски служби на земјите од ЕУ и НАТО, како и земјите во регионот, но можам да констатирам дека размената на информации која беше со цел да се спроведе превенција на намерите на групата не даде резултати – изјави претседателот попладнево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево