Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, попладнево испрати порака со сочувство до семејствата на загинатите и повредените во анти-терористичката операција на македонските безбедносни сили што изминатите два дена се случуваше во Куманово.
Посочувајќи дека го следи развојот на настаните во Куманово со голема загриженост, Столтенберг го изрази своето сочувство до семејствата на оние кои беа убиени или повредени.
– Важно е сите политички лидери и лидерите на заедниците да работат заедно за да се врати мирот и да се спроведе транспарентна истрага за да се утврди што се случило. Ги повикувам сите да се воздржат и да се избегнува понатамошна ескалација во интерес на земјата и на целиот регион, посочи Столтенберг.
Реакцијата на генералниот секретар на Алијансата доаѓа два дена од отпочнувањето на анти-терористичката акција на македонските безбедносни сили во реонот на Куманово, која заврши денеска со целосно разбивање и елиминирање на терористите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Столтенберг ја поздрави одлуката на македонското Собрание
-
Столтенберг: Ако Договорот се спроведе, Македонија можеби ќе стане членка во 2019
-
Столтенберг: Вратата на НАТО е отворена, искористете ја шансата на 30 септември