| четврток, 6 декември 2018 |

Совет за безбедност кај претседателот Иванов

иванов

Во секој момент се очекува да почне седницата на прошираниот состав на Советот за безбедност кој претседателот на Македонија Ѓорге Иванов го свика за во 17 часот.

Се чека доаѓањето на премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Велјаноски, министерот за одбрана Зоран Јолевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Пристигна лидерот на опозицијата Зоран Заев, Имер Алиу од ДПА и Талат Џафери од ДУИ.

На Советот се очекува да бидат присутни сите членови – претседателот Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министерот за одбрана Зоран Јолевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за надворешни работи Никола Попоски и тројцата членови Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини.

По завршувањето ќе следува обраќање на Иванов до граѓаните на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top