| четврток, 6 декември 2018 |

Пет озлогласени команданти на УЧК неутрализирани во Куманово (фото)

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека полицијата успеала целосно да ја неутрализира терористичката група која спремала крвави терористички напади во земјата кон стредината на месецот. Според информациите на МВР, станува збор за една од најопасните терористички групи на Балканот во која учествувале познати терористи од Косово, кои имале искуство од војните во Косово 1999, во Македонија 2001 и од Сирија. За лидери на групата се сметаат:

Мухамед Красничи алијас командант Малишева, Мирсад Ндрецај алијас командант Нато, Семи Укчиши алијас „командант Соколи“, командант Бегу и Демес Шеку – Јунику.

командант Малишева

командант Малишева

Ндрецај, Укшичи, Бегу

Ндрецај, Укшичи, Бегу

Сите се косовски државјани кои се поврзуваат со многу претходни терористички напади и биле во врска со многу терористички организации во регионот. Тројца од нив и се предале на полциијата, а полицијата се сомнева дека телата на другите двајца се под урнатините на куќите во кои биле засолнати.

Во акцијата, како што соопшти МВР пронајдени се 14 униформирани тела, а 30 терористи се предале на македонските безбедносни сили. Најголем дел од нив биле македонски државјани, а имало и еден држајанин на Албанија. И овие терористи имале богато криминално досие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top