На средбата со чешкиот претседател Милош Земан, претседателот на Русија Владимир Путин ги оцени неговите „независни политички ставови” во кои гледа шанса за враќање на стандардните односи со Запад, јавуваат чешките медиуми.
– Со задоволство би констатирал дека во Европа се уште има политичари кои се способни да го кажат своето мислење директно и да ја бранат и промовираат независната политика, го поздрави Путин чешкиот колега. Путин додаде дека Москва не е иницијатор за отуѓување на односите меѓу Русија и Западот и изрази надеж дека благодарение на политичарите како Земан односите можат да бидат обновени и продлабочени.
Земан, кој одбил преведувач и со Путин зборувал на руски јазик изјави дека со посетата на Москва сака да изрази почит не само на војниците кои биле убиени на територијата на поранешна Чехословачка туку и на 20 милиони советски граѓани кои загинаа за време на Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст