Нови истрели се слушаат утрво во Куманово. Градот го надлетуваат хеликоптери и беспилотни летала. Се уште се слушаат и сиренитена итната помош. Трае акцијата на МВР, се проверува куќа по куќа. Од куќитево „Дивата населба“се издига чад. Полициските сили се распоредени на сите влезови на Дива населба.
Акцијата на полицијата започна вчера утрото. Министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска синоќа информира дека во акцијата пет полицајци загинале, а над 30 биле повредени, како и дека дваесеттина од членовите на вооружената група и се предале на полицијата.
Посочи дека се уште нема информација за загинати цивили, а не се знае ниту точниот број на загинати членови на вооружената група. Најави дека акцијата на полицијата ќе трае, како што рече, се додека не се неутрализира и последниот терорист.
Целта на вооружената терористичка група, како што информира Јанкуловска, била напад на стратешките државни институции во Република Македонија.
Министерката за внатрешни работи апелираше до сите политички партии и општествени чинители да бидат на висина на состојбата со која државата се соочува и да се воздржат од дополнителни провокации кои би можеле да доведат кон ескалација на состојбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст