Утрово носи умерена облачност со сончеви периоди во поголем дел од земјата. Според МЕТЕОПРО во овој дел од денот можно е да има сосема слаби врнежи во крајниот југоисточен регион. Попладне повторно се очекува облачност од нестабилен карактер, но со поинтензивен развој во јужниот крај. Оваа облачност повторно ќе резултира со локален пороен дожд и грмежи. Во северниот регион ќе биде нешто постабилно, но тоа не значи дека ќе нема врнежи. Во овој крај дождот ќе биде послаб и пократкотраен.
Минималната температура ќе има вредност околу 12°С.
Максималната температура на воздухот ќе биде слична на саботната и ќе достигне вредности околу 23°С долж повардарие и околу 20°С во останатите поголеми населени места.
Во Скопје се очекува променливо време со сончеви периоди, но и услови за дожд во попладневните чесови. Минималната ќе се спушти до 12°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне до 23°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст