| четврток, 6 декември 2018 |

Лазански: Зад вооружените инциденти во Македонија стои намерата да се спречи изградбата на рускиот гасовод “Турски тек”

miroslav-lazanski-L267687665

Воениот аналитичар Мирослав Лазански неодамна тврдеше дека зад последните вооружени инциденти во Македонија стои намерата да се спречи изградбата на рускиот гасовод “Турски тек”. Тој во своето гостување на ТВ Пинк, објаснил дека Македонија е најпогодното место за да се пресече “Турски тек” и да се спречи неговата изградба.

– Македонија е најслабата алка на таканаречениот “Турски тек” кој треба да оди преку Русија, Црно море, Турција, Грција, Македонија и Унгарија. Тука е најлесно да се пресече. Турците ќе го дозволат, Ципрас исто така, Србија ќе се согласи затоа што повеќе ќе заработи од таа траса него ли да одеше преку Бугарија. Орбан ќе се согласеше и ете го рускиот гас во Австрија. Како тоа да се пресече? Најлесно е да се дестабилизира Македонија, објасил Лазански коментирајќи го заземањето на една полициска станица во Македонија.  Тој додал дека не гледа ниту една друга причина за нова албанска побуна во Македонија, имајки в предвид дека по Охридскиот договор тие ги имаат бараните права и дека нивни претставници освен на други високи функции се наоѓаат и на чело на безбедносни служби во Македонија.

Инаку, Турски тек е замислен како алтернатива на Јужен тек чија изградба под притисок на ЕУ и САД ја блокираше Бугарија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top