| четврток, 6 декември 2018 |

ГРОМ: Безрезервна поддршка на безбедносните сили и државниот врв

Macedonian police engaged in action against alleged armed group, reports sayГраѓанската опција за Македонија – ГРОМ изразува искрено и длабоко сочувство до семејствата на припадниците на полициските сили кои денес ги загубија животите во безбедносната криза која изби во Куманово.
ГРОМ дава безрезервна поддршка на безбедносните сили и државниот врв на Република Македонија во напорите да се справат со настанатата безбедносна ситуација и да се спречи нејзината натамошна ескалација.

ГРОМ ги повикува на разум и мудрост во своето политичко делување сите релевантни политички партии во земјата во овој исклучително сензитивен момент.

ГРОМ има доверба во институциите на државата и нивниот капацитет за успешно справување со овој безбедносен инцидент, а во интерес на стабилноста и безбедноста на животите на граѓаните на Република Македонија.

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ апелира на политичка зрелост на сите граѓани на земјата, во смисла на воздржување од поголеми собири кои евентуално може да се злоупотребат, а со цел што поскоро да се нормализираат состојбите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top