| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите останале без муниција – тесните улички чистени една по една

Заврши полицицската акција во Кумановско. Последните терористи во 10-тина куќи, предмалку се предале со бели чаршафи, јавува репортерската екипа на Вечер од теренот. Полициски возила се симнуваат од селата кон Куманово. Тројца полицајци од тетовско го загубија животот во денешното чистење од терористи во Кумановско. Двајца се од селото Брвеница, еден од Зубовце. Терористи им се преаддоа на полицајците. Со бели чаршави излегувале од куќите во кои се криеа. Нападот на Диво Насеље и на Македонија не успеа. Од полицијата потврдуваат дека терористичката група е елиминирана и неутрализирана. Бројката на терористи кои се во рацете на полициските сили не е позната, но неофицијално е над 25 лица.

Macedonian police engaged in action against alleged armed group, reports say

Обрачот околу нив систематски се стеснуваше од минута во минута.Тесните улички иделни за заседи беа чистени една по една. Куќа по куќа, двор по двор. Останаа без муниција и места за криење и можности за бегство. Околу 18.45 часот рафалите и детонациите запреа.

Набрзо проструи и информацијата дека терористите живи се во рацете на полицијата . Од она што може во моментот да се забележи на терен е дека голем број на полициски возила се качуваат кон населбата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top