Неофицијално, терористичката група брои меѓу 70 до 80 лица, но намерата им била да влезат во двојно поголем број и да нападнат стратегиски објекти во градот. Се множат апели за смиреност и неподлегнување на провокациите, објави Дојче Веле.
Над Куманово кружат хеликоптери , но имаат и чести прелети над Скопје. Се претпоставува дека до клиничките центри транспортираат повредени од денешната акција на МВР, која започнала утрово околу 4 часот за разбивање на непозната вооружена група стационирана во кумановската „Дива населба“.
Засега нема потврда за наводите дека има и загинати. Целосно се изгорени три куќи, кои биле искористени како засолниште на терористичката група.
Министерството за внатешни работи најави прес-конференција за 14 часот денеска, на која ќе бидат соопштени сите детали за денешната акција на македонската полиција во Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


